Нова несреќа на патиштата во Македонија, кој за жал повторно завршува со жртва.
Ова го потврдија и од МВР.
На 29.08.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Осломеј-Кичево, во близина на крстосницата за село Осломеј, автомобил „фолксваген голф” управувано од Ш.С.(66) од с.Поповјани излетало од коловозот.
Притоа, од здобиените повреди на местото помчинал возачот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.
Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот З.Р.(42) од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.
Извадок на дел дневните настани 30.08.2022
На 29.08.2022 во 23.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.И.(26) и Е.Р.(24), двајцата од Скопје, затоа тоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.08.2022 во 22.05 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Р.(24) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.08.2022 во 14.12 часот во СВР Куманово, од Казнено-поправната установа Затвор Кшање – Куманово било пријавено дека починал осуденикот И.Н.(66) од Куманово. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
На 29.08.2022 во 10.45 часот во Полициската станица Гази Баба, Б.Н.(35) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ била касната од куче скитник.
На 29.08.2022 во 11.30 часот во Полициската станица Чаир, К.Х.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„Словенија“ бил каснат од куче скитник.
На 29.08.2022 во 14.20 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(24) од Скопје затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена грутчеста материја, а исто така се барал и по локален распис од Полициската станица Аеродром. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.08.2022 околу 23.50 часот во с.Камењане, полициски службеници на СВР Тетово, со судска наредба, го привеле 48-годишниот С.Р. од ова село за издржување на затворска казна. Тој се обидел да избега, но бил спречен во намерата. По приведувањето, С.Р. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 29.08.2022 во 21.20 часот на ул.„Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода С.К.(25) од с.Велгошти, охридско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 30.08.2022 во 01.55 часот на патот во с.Орман, охридско, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Н.Р.(26) од Охрид затоа што при преглед во возилото „пежо“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 27 и 28.08.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце била извршена контрола на три автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобус со кумановски регистарски ознаки, управуван од Р.А.(52) од Куманово, автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Тетово и автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Т.(67) од Скопје било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.
На 29.08.2022 во 04.00 часот на автобуската станица во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода А.Х.(27) од Виница затоа што околу 01.00 часот во Виница физички ја нападнал С.Р.(19) од Виница и ѝ одзел личен предмет. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 29.08.2022 во 17.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 68-годишниот гостиварец Б.Ф. поради сомнение дека извршил кражба. Украденото е пронајдено. По целосно документирање на случајот на Б.Ф. ќе му биде изготвен соодветен однесок.
Денеска (30.08.2022), полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Е.К.(39) од Велес затоа што на 29.08.2022 со уште едно женско лице физички го нападнале Д.М.(33) од Велес и му одзеле пари. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.08.2022 околу 00.30 часот во Полициската станица Тетово бил донесен 33-годишниот Џ.В. од Република Косово. Околу 22.30 часот тој бил лишен од слобода на Граничниот премин Јажинце при обид да ја напушти нашата земја со патничко возило „бмв“ со француски регистарски ознаки. При извршена контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана сообраќајна дозвола за возилото, а исто така таблиците кои биле на возилото биле фалсификувани. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (30.08.2022) во Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола бил извршен службен разговор со С.В.(42) од Битола. Тој се сомничи дека на 27.08.2022 на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола од Ц.Б.(81) од Битола со употреба на сила одзел пари. С.В. го признал делото и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции, 22 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, осум мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 10 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), пет санкции за непрописно престигнување и обиколување…
Во текот на вчерашниот ден (29.08.2022) на територијата на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 25 возачи. Од нив 21 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 4 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
На 29.08.2022 во 16.20 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Осломеј-Кичево, во непосредна близина на крстосницата за с.Осломеј кај место викано „Бороите“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(66) од с.Поповјани излетало од коловозот. Притоа, од здобиените повреди на местото помчинал возачот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот З.Р.(42) од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.
На 29.08.2022 во 16.25 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека околу 12.30 часот на ул.„Кирил и Методиј“ во Гевгелија, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ј.П.Д.(72) од Гевгелија, удрило во В.Д.(56) од Гевгелија. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во ЈЗУ Гевгелија. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.