Агенцијата за вработување денес го објави списокот на корисници на финансиска поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза за месец ноември 2022.
Кликнете ТУКА.
Од Агенцијата информираа дека исплатата ќе биде реализирана на 14.12.2022 година. ЛИНК до списокот.
Корисници на финансиска поддршка се лица од социјално ранилива категорија на граѓани и тоа:
1) 3.000 денари месечно за:
– корисници на право на социјална сигурност на стари лица,
– корисници на посебен додаток,
– корисници на правото на надоместок заради попреченост,
– со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед,
– самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош,
– невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок
2) 1.500 денари месечно за:
– корисници на право на пензија во висина до 11.525 денари,
3) 750 денари месечно за:
– корисници на право на пензија во висина до 14.000 денари,
– корисници на право на надоместок за телесно оштетување.