ЕВН објави дека веќе се испраќаат известувања, а и ќе ги исклучуваат од струја сите институции неплаќачи.
На списокот се болници, затвори, студентски домови, Зоолошка, Железници, судови и факултети.
Долгот е милионски, околу 13 милиони евра, Железници должи околу 6 милиони, затворите имале околу 1 милион долг.
Ако останат без струја тоа ќе значи колапс на железничкиот транспорт во земјава, затоа што ќе бидат укинати возовите на електричен погон, па во употреба ќе останат само оние што користат нафта. За болниците и студентските домови прекинот на струја ќе е катастрофален.
Согласно Правилата за снабдување со електрична енергија, потрошувачи чие снабдување со електрична енергија не смее да биде прекинато се: болници, клиники, посебни здравствени установи, установи за прва помош, јавни објекти за водоснабдување, објекти и средства за јавен превоз, како што се аеродроми, железнички и автобуски станици и сигнални станици во јавниот сообраќај, хидрометеоролошки и сеизмолошки станици и градинки.
Според членот 44 став 3 од законот, ЕВН Хоум го известило МЕПСО дека рокот за доставување на една од гаранциите за плаќањето, како и времетраењето на снабдување со струја од краен снабдувач истекуваат и побарале од операторот да се прекине снабдувањето со струја на МЖ Транспорт.
Ова значи дека државата ќе мора да им ги покрие долговите за електрична енергија на оние клучни институции што имале објективни причини да не плаќаат, но децидни се дека не и на оние институции кај кои не постои оправдување за недомаќинско работење. Ова денес го изјавија и министерот за економија Крешник Бектеши и премиерот Ковачевски.
Бектеши дециден дека неодговорно и недомаќинско работење Владата нема да поддржи и дека тоа јавно ќе биде објавено. Неприфатливо е, рече, да се трошат непотребно средства кога Владата веќе ги одредила количините за снабдување со електрична енергија на основните и средните училишта. Некои директори на училиштата, како што рече, не се пријавиле за обезбедување струја по поволна цена од 95 евра за цела грејна сезона зашто не нашле време што го имале со недели за да пополнат апликација.
Целиот текстна А1он.мк