Страшна сообраќајна несреќа вечерва во Скопје.
Учествувале два автомобили и мотициклист.
Возач на скутер загина вечерва на улицата „Козле во Скопје во трагична сообраќајна несреќа во која учествувале мотор и два автомобили, јавува „Слободен печат“.
Како што пишува порталот, улицата е блокирана за сообраќај, а во моментот полицијата врши увид на местото на несреќата.
Неофицијално, во сообраќајната несреќа учествувале мотоциклистот и два автомобила.
Засега нема повеќе детали од полицијата околу причините за несреќата и околностите во кои се случила.
Фотографија од настанот погледнете на Слободен Печат (клик ТУКА)