Во текот на денот, Скопје беше целосно под блокади од страна на приватните превозници на градски превоз во главниот град. Сепак, многумина очекуваа дека сето тоа ќе трае додека да падне мракот.
„Ниту градоначалничката, ниту службите од Градот, ниту пак некој од ЈСП не побара. Блокадата останува се до исполнување на нашите барања, нема отстапки, автобусите нема да ги поместиме од места каде што се веќе паркирани“, рече попладнево Ленин.
Политикологот и екс-новинар, Јодранка Ивановска, позната како Јоци, вечерва преку социјалните мрежи информираше за нешто, што дополнително сите ги налути и натера да реагираат, за почеток со искажување на револт на социјалните мрежи.
Еве го нејзиниот статус:
-Автобусите се паркирани на крстосниците и во моментов и не може човек да стаса од точка А до точка Б ни навечер.
Ленин всушност го блокира Скопје 24/7. Си го претворил градов во свој драгстор.
Мене не ми се верува дека на човеков и другарите некој им дозволува ваков луксуз.