Нејмар откри: Плачев цела ноќ после таа средба









Нејмар како лидер во нападот на Бразил се врати за нокаут фазата на Светското првенство, сето тоа откако напорната работа на лекарскиот тим и физиотерапевтите вроди со плод во изминатите неколку дена.




Бразилецот заработи незгодна повреда на зглобот на првиот меч со Србија и многумина стравуваа дека тоа значи крај на мундијалот за него, но сепак Нејмар не се откажа и сега откри што правел тој додека играчите се подготвувале за останатите два меча во групата.




– Да бидам искрен, бев нависитна исплашен по повредата. Добро ја почнав сезоната, се подготвував за мундијалот и потоа дојде повреда. Плачев цела ноќ по првиот меч, но ми помогна љубовта од Бразилците, ги читав пораките и тоа ми даде сила.




– Физиотерапијата вроди со плод, 11 часа дневно бев на терапија и останував со физиотерапевтите до доцна во ноќта. Цела жртва што ја направивме на крајот вредеше и се најдов на теренот, – изјави Нејмар кој првпат го искоментира и неговиот потег кој многумија го оценија како големо потценување кон ривалите.




Нејмар позираше со шорцеви на кои сам додаде шеста ѕвезда над грбот на Бразил, алудирајќи на тоа дека е сосема сигурен во освојување на трофејот во Катар.




– Кога ја додадов ѕвездата на шорцевите, тоа не беше за да покажам непочитување кон некој ривал. Тоа беше да покажам што сакам, имам јасен сон и јасна цел. Сега се приближуваме кон трофејот и го чекаме следниот чекор. Се надевам дека сите ќе се радуваме на крајот, – изјави Нејмар.

error: Content is protected !!