Синцицијалниот вирус пустоши меѓу децата и е многу заразен: Ова се симптомите – бидете внимателни


Синцицијалниот вирус пустоши меѓу децата и е многу заразен: Ова се симптомите – бидете внимателни







Сѐ повеќе деца се заболени од респираторни заболувања. Вирусите пустошат, а болниците се полнат во некои европски земји – Германија, Франција, Италија, но и во Хрватска.




Респираторниот синцицијален вирус (РСВ) може да биде фатален за доенчиња и за мошне мали деца, а е многу заразен и се шири преку капки. Се заканува и инвазивната стрептокока поради која за само седум дена починаа шест деца во Велика Британија.

Инфекцијата со респираторен синцицијален вирус е болест на малите деца кои одат во градинка. Особено брзо се шири во затворен простор и лесно се пренесува.




„Децата тешко можат сами да си ги измијат рацете, допираат играчки, користат заеднички предмети, децата си играат заедно и се блиску еден до друг, а тоа е еден од начините на пренесување.Човекот е резервоар на вируси кои се пренесуваат со капки. Веќе и самиот говор, а камоли кивањето и кашлањето, и го поттикнува преносот на вирусот“, објаснува епидемиологот Дијана Мајер.




Симптомите на инфекцијата може да бидат благи, како оние на обичната настинка, но некои пациенти може да имаат потешки симптоми и да развијат бронхиолитис (деца) и воспаление на белите дробови, односно пневмонија (возрасни). Според податоците на експертите, 1 до 2 отсто од новороденчињата кои имаат РСВ, а се помлади од шест месеци, треба да поминат одредено време во болница, поради лекување.

РСВ е вирус кој се шири со капки низ воздухот, а капките се задржуваат на различни површини. Кога лице со инфекција кашла или кива, капките што го содржат вирусот се шират низ воздухот. РСВ може да преживее со часови на површини како што се маси, раце и облека, што го олеснува преносот на вирусот од човек на човек.




Заразеното лице е заразно 3 до 8 дена. Кај малите деца и луѓето со ослабен имунолошки систем, вирусот може да се пренесе дури и по 4 недели, откако симптомите ќе исчезнат.

Раните симптоми на РСВ инфекција кај доенчиња и деца се:

– течење на носот
– намален апетит
– кашлица, која во подоцнежна фаза може да се претвори во тешко дишење.

Мошне малите бебиња може да имаат различни симптоми од постарите деца и возрасните. Симптомите кај малите бебиња се:




– раздразливост
– намалена активност
– намален апетит
апнеја при спиење или запирање на дишењето за време на спиењето.

Ризици

РСВ инфекциите може да бидат опасни кај доенчињата, особено кај оние кои:




– кои се родени предвреме
– помлади од шест месеци
– помлади од две години кои имаат срцеви, белодробони и невромускулните проблеми
– кои имаат ослабен имунолошки систем.

Симптоми

Луѓето можат да развијат симптоми на инфекција 4 до 6 дена по изложувањето на вирусот.




Симптомите се:

– течење на носот
– кашлица
– кивавица
– воспалено грло
– блага главоболка
– намален апетит
– температура
– отежнато дишење (забрзано или тешко дишење)
– цијаноза (намалување на хемоглобинот во периферната крв)
– раздразливост и намалена активност кај доенчиња
– кратко, плитко и брзо дишење кај новороденчињата.

error: Content is protected !!