Косовска новинарка добива cмpтни закани поради швајцарскиот репрезентативец Џака


Косовска новинарка добива cмpтни закани поради швајцарскиот репрезентативец Џака



Косовската новинарка, Зана Авдиу е мета на навреди и cмpттни закани затоа што го искритикува швајцарскиот репрезентативец Гранит Џака за неговото однесување на мечот со Србија.




Најголемиот дел од Албанците ја славеа победата на Швајцарија над Србија. Мечот изобилуваше со тензија и неспортски работи. Еден од најистакнатите беше Гранит Џака кој во еден момент се фати за меѓуножјето и го навлече гневот на српката клупа.




Таквиот негов гест го искритикува новинарката Авиду, која рече: „Тој потег на Гранит Џака е срамен! Насилнички чин. Мислам дека немаше некој што не ја сподели таа фотографија. Значи, нулта ниво во некоја наша држава“.




Поради оваа нејзина реченица таа почнала да добива навреди, дури и cмpтни закани, во јавноста мораше да се јави нејзиниот адвокат Арианит Кочи.




„Можеби сите не се согласуваме со неа и тоа е нормално, ама вакви закани се недозволиви во цивилизиран свет. Тоа што кон неа се вперува прстот и од јавни личности само ги зголемуваат тие зaкани“, рече Кочи.

На мечот имаше недолично однесување и од двете страни.

error: Content is protected !!