ФОТО: Денес во Скопје – редица од идни студенти за успис на ОВОЈ факултет, се чека по неколку часа

На социјалните мрежи се појави фотографија, за која многумина ќе кажат дека е можеби сцена од филм или реклама.

Сепак, тоа е денес во Скопје и е сосема нормален односно ден за уписи на факултет.

Станува збор за идни академски граѓани, кои иднината ќа ја бараат преку факултетот ФИНКИ.

На социјалните мрежи се појавија и фотографии од редиците и гужвите кои настануваат при уписите за студенти од прва година.

Идните студенти нестрпливо чекаат да ги остават документите и да ги започнат студиите, иако некои од нив се веќе нервозни поради долгите редици.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување за упис во прва година во академската 2022/2023 година за кандидатите кои се рангираат само според успехот од средното образование. На Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) идните студенти веќе со часови чекаат во долгите редици за да ги остават своите документи.

Како и во последниве години, така и оваа, трендот кај младите своите студии да ги запишуваат на ФИНКИ продолжува.

Околу 1,200 годишно се запишуваат. Повеќето се навистина залутани и не се свесни колку комплексна професија избрале. Голем дел ќе се откажат и нема да завршат, или ќе почнат да работат и ќе го баталат факсот, коментираат на социјалните мрежи.

Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) е резултат на здружувањето на двата најголеми институти од областа на информатиката и компјутерската техника во Македонија – Институтот за информатика (ИИ) при Природно-математичкиот факултет и Институтот за компјутерска техника и информатика (ИКТИ) при Факултетот за електротехника и информациски технологии.

Во дадената форма двата институти работат уште од осумдесеттите години на минатиот век. ИИ почнува да работи од далечната 1985 година како рамноправна составна целина на повторно обединетиот ПМФ под името Институт за информатика. ИКТИ потекнува од Катедрата за техничка кибернетика, која 1982 година прво прераснува во завод, а потоа и во институт.

Во овој период од скоро 30-тина години кај овие Институти се случува постојан раст во научните и техничките капацитети, како резултат на извонредните залагања на нивните членови, а во тренд со светскиот подем на информатиката. Сѐ поголемиот интерес на студентите за оваа област и сѐ поголемиот развој и можностите на двата Институти доведуваат до тоа во последните учебни години да станат најголеми институти на факултетите и да опслужуваат скоро 50% од студентите.

Во целиот период на развој, постојат голем број заемни проекти и истражувања, како на лична, така и на институционална основа. Двата институти беа во постојаната трка за што повисок квалитет на студиите, научно-истражувачката и апликативната дејност. Ваквата трка всушност резултираше со еден конечен обединувачки фактор – сѐ позначителен развој и подем на информатиката во Македонија и формирање на една исклучително силна заедница на информатички насочени наставни кадри. Од 2011 година тие и формално започнуваат да чекорат по заеднички пат како најсилна и најнапредна научно-истражувачка и образовна институција во Македонија од областите на информатиката – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

“Моето досегашно искуство на ФИНКИ ми помогна во градењето на мојата личност. Како ученик од средно приватно училиште, јас имав доста големи очекувања што се однесува до квалитетот на наставата и организацијата на самиот факултет. Слободно можам и да кажам дека бев малце скептичен бидејќи ова е нов факултет. Но самото тоа што е нов факултет придонесе да постои голем ентузијазам како и од професорите, така и од студентите за да се придонесе кон подобрување на квалитетот на наставата и услугите што ги користат студентите. Да не се лажеме доколку мислиме дека одиме во слепо. На ФИНКИ исто така се негува традицијата од професорите што претходно беа на ПМФ и ЕЛЕКТРО. Тие се конфирмирани професори во својата област на знаење во македонија и во странство. За пофалба е и тоа дека голем дел од професорите се достапни за контакт со студентите. Голем плус е тоа што ФИНКИ исто така досега има објавено колем број на конкурси за стипендии, размени, посетување на курсеви, пракси итн… Таквите прилики се ретки низ другите факултети и можам да кажам со гордост дека ФИНКИ е најдобриот факултет по информатика во земјава што образува лидери во полето на информатиката. Програмата е добро осмислена, со доста новитети што не беа присутни порано како дел од наставата. Постојат исто така и голем број на профили со кои самиот студент може да се награди и да ја продлабочи својата област на знаење соодветно на тоа што го интересира…“ вели Стевица Божиновски, студент во прва година на студии, студиска програма КНИ.

„Велат дека студентските години се едно од најубавите искуства што еден човек може да ги доживее. Велат и дека контактите кои што ги остваруваме во текот на нашето студирање го оформуваат нашиот иден, професионален живот; дека ги носиме со нас, отпрвин како колеги на факултет, a потоа и како соработници, како пријатели.

Во тој поглед, оваа година што јас досега ја поминав како студент на ФИНКИ беше едно од најдобрите искуства што сум ги имал. Беше одлично да се студира со толкав број на талентирани и интелигентни студенти, меѓу кои што секогаш се наоѓаше некој за соработка на некој проект, за помош при учењето, или барем за пријатен помин и разговор. Беше возбудливо да се слушаат предавања на интересни теми, од различни области и врвен кадар.

Но, најмногу од се, неверојатно беше што на сите нас ни беше дадена можноста да го персонализираме нашето искуство на факултетот.

Самата настава беше доволно динамична за да го задржи интересот и на напредните студенти, но беше изведена на таков начин што, дури и тие што никогаш претходно не се сретнале со информатиката, можеа успешно да ја следат. Кадарот беше пријателски настроен и секогаш расположен да им помогне на студентите кои што имаа потешкотии со материјалот; но и да ги вклучи студентите со поголеми знаења во проекти и активности кои што истовремено ги интересираа, но и ги предизвикуваа границите на нивното знаење. На пример, самиот имав можност да учевствувам на проект од областа на компјутерската безбедност, за кој што добив несебична поддршка и помош од кадарот задолжен за таа област. Освен тоа, кога заедно со една група на студенти од прва година пројавивме желба да работиме на проект, за кој што сметавме дека ќе го подобри студентското искуство на сите студенти на факултетот, факултетот не само што не поддржа – тој ни ги обезбеди сите услови што ни беа потребни за работа, од пристап до една од компјутерските лаборатории, па се до потребната инфраструктура за работењето на апликацијата и совети за некои од нејзините попредизвикувачки делови.

Најважно од се, врските на факултетот со индустријата, како и големиот број на известувања за работни места кои што како студент на ФИНКИ ги добивам преку него, директно ми овозможија јас да го пронајдам моето сегашно работно место, како софтверски инженер во една мултинационална компанија. Истата таа компанија вработува поголем број на студенти и дипломци од факултетот, затоа што го препознава квалитетот на знаењето кое што ние го стекнуваме овде.“ додава Дино Бојаџиевски, студент во прва година на студии, студиска програма КНИ.

error: Content is protected !!