Хрватска е четвртфиналист на Светското првенство (СП) во Катар, а хрватските медиуми секојдневно објавуваат теми поврзани со националниот тим, меѓу нив има и една интересна, поврзана со Македонија.
„Вечерњи Лист“ излезе со интересна приказна и македонскиот град Струга го нарече историски град за хрватскиот фудбал. Зошто е тоа така? На 16 октомври, 2005 година, поточно пред повеќе од 17 години, во градот крај езерото со околу 33.000 жители за првпат се споменаа играчите кои го донесоа голот за реми со Јапонија.
Дејан Ловрен и Иван Перишиќ тогаш за првпат играа за националниот тим, во селекцијата на Хрватска до 17 години, која во Струга играше натпревар против Македонија и победи со 2-0, со головите на Милан Бадељ и Томислав Хавојиќ.
Ловрен и Перишиќ се играчите кои од таа генерација стигнаа најдалеку. Тука е и Домагој Вида, а на СП 2018 играа и Пивариќ и Бадељ.
Струга е историски град за хрватскиот фудбал: „Таму почна сè!“
