(ВИДЕО) Миа вети и го одржа зборот: Објави анализа на жена која ја напаѓа неа, но и многу други жени – НЕМА да молчиме









Поранешната водителка и актуелна инфлуенсерка, Миа Костова направи вистиснки „бум“ на социјалните мрежи пред неколку часа.

Таа направи видео, како што претходно објави, за да анализира личност, која преку социјалните мрежи има став за повеќе јавни личности, притоа пишувајќи секакви погрдни зборови.




-Кога ќе видам што се пишува под портали за некој кој не е веќе меѓу живите, се прашувам зошто уште ме допира понекогаш што ќе каже некој за мене под вест дека на пример сум патувала некаде.
Нема да ме мрзи еднаш ќе соберам све од коментари под разни објави на разни вести и со име и презиме и приватни слики со деца и бебиња и семејствата со кои живеете а ширите говор на омраза и желба за туѓа смрт ќе ви направам едно видео од два саата да ви е незгодно леб да купите во продавница.




Гнаси едни одвратни! Па кога ќе оди видеото под портали со вашиот зумиран сурат пак да коментирате! Задоени со зло, несреќни и пропаднати. Нели ви е страв дека на најмило ќе ве удри коментарот што го постирате?, напиша вчера Миа, а денес го исполни барањето.




Миа направила и мало истражување, а за прв пат јавно ја коментираше извесна Славица, за која имаше повеќе информации.

Од она што го направи како анализа Миа, профилот од кој се коментира јавно и со погрдни зборови, најмногу се напаѓаат плавите жени, како и инфлуенсерките.




Да не должиме повеќе, погледнете го видеото и ќе сфатите за што станува збор:

error: Content is protected !!