Фудбалската репрезентација на Мароко се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство откако со подобро изведување на пенали ја совлада Шпанија.
Во текот на 120 минути немаше голови, па по втор пат на овој Мундијал одлучуваше изведувањето на пенали. И додека во понеделникот хрватски херој против Јапонија беше Доминик Ливаковиќ со три одбрани, денеска Јасин Боно се претвори во марокански херој, кој одбрани два од трите удари на шпанските играчи Солер и Бускетс, додека Сарабија ја затресе рамката од голот.
Од друга страна, тројца од четворицата марокански изведувачи беа прецизни, Симон беше совладан од Сабири, Зијеш и Хакими.
Мароко се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство по подоброто изведување пенали против Шпанија.
Тоа е најголемиот успех во историјата на мароканската репрезентација која Вахид Халилхоџиќ ја предводеше на Светското првенство. Неговиот наследник, Валид Реграги, стана првиот африкански тренер кој стигнал до четвртфиналето.
Големата победа се прослави на улиците и во кафулињата, погледнете како изгледаше: