Утрово полицијата го затвори за сообраќај делот од улицата Македонско-косовска бригада кај трговскиот центар па огромни колони возила има на околните сообраќајници и во овој дел од градот.
Вооружена група рано утрово нападнала трговски центар во скопската населба Топанско Поле и запалила банкомати, објави Телма, која се повикува на граѓански извори.
Телевизијата не потврдува дали станува збор за комплексот на „Вива Фреш“
Единствено е познато дека полицијата го потврдила инцидентот кој се случил во 6 часот изутрина.
Неколку лица со закана со оружје прво го нападнале чуварот во објектот, а потоа запалиле неколку банкомати кои биле во склоп на деловниот објект.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.