Не е само Народна банка: Вработените од УЈП, Централен депозитар, Централниот регистар за хартии од вредност, КИБС, КАСИС, масовно го напуштаат објектот










Не е само Народна банка: Вработените од УЈП, Централен депозитар, Централниот регистар за хартии од вредност, КИБС, КАСИС, масовно го напуштаат објектот




Закана за поставена бом6а, пред половина час пристигнала на мејлот во генералната дирекција на Народна банка на Македонија (НБРМ). Извори за НоваТВ, сведочат дека во моментов се евакуираат вработените од повеќе финансиски институции сместени во овој објект во Скопје.




Вработените од УЈП, Централен депозитар, Централниот регистар за хартии од вредност, КИБС, КАСИС, масовно го напуштаат објектот.

Полицијата е на терен и ги утврдува деталите за заканата. Ова е прва закана со 6омби во јавни институции по неколку неделните закани со 6ом6и во училиштата.

Утрово до дел од скопските средни училишта повторно пристигнаа дојави за поставени бомби. Според медиуми, има дојави за бомби во две средни училишта, Раде Јовчевски Корчагин и Јоси Броз Тито.

Дел од учениците ги напуштаат училиштата, друг дел веќе се заминати и во тек се антитерористички проверки.

На терен пристигнуваат екипи на полицијата за проверка.

Во изминатиот период имаше повеќе пријави за поставени бомби во средните училишта во Скопје како и во основно училиште во Крива Паланка.

Претходно, малолетник беше уапсен од полицијата поради испраќање меилови со заканувачки содржини за поставени бомби во неколку средни училиштата во Скопје.

error: Content is protected !!