Полицијата во Загреб ја уапси пејачката Северина Вучковиќ во вторник околу пладне во Загреб.
Апсењето следело, како што дознава „Јутарњи лист“, откако добиле барање од колеги од Сплит да ја приведат заради кривична истрага.
Причина за се и претрес е, како што дознале, непримерна расправија која се случила во вторникот во сплитскиот дом на мајка на позната пејачка.
Според пријавата на сестрата на Маријана, пејачката наводно се нафрлила кон неа пред очите на нивната мајка. Беше доцна во ноќта, еден час по полноќ, кога од станот дошла врева.
Тие две наводно, како што Маријана пријавила во полиција, жестоко се тепале и си удирале шлаканици буквално по целиот стан.
Нејзината сестра заврши во болница
На крајот пејачката отишла во непознат правец, а нејзината сестра во болница, каде што по укажаната лекарска помош поради полесни повреди се обратила во полиција за помош. Таа се здобила со низа модринки по главата и грбот, а лекарите забележале исекотини на телото.
Врз основа на пријавата сплитската полиција започнала потрага по пејачката, а врз основа на која Северина била „симната“ на загрепскиот аеродром, 12 часа по наводниот инцидент во Сплит.
На пат кон полициската станица во нејзиното место на живеење, за да даде изјава во полиција и свое видување на инцидентот за кој и се „заканува“ дека ќе биде пријавена, таа се обратила за помош кај својата адвокатка Мата Матиќ, без навлегувајќи во деталите поради кои повторно се најде под „лупа“.
Адвокатот Матиќ го потврди апсењето, велејќи само дека Северина во меѓувреме е пуштена на слобода и дека постапката ќе се одвива по редовен начин бидејќи „нема потреба од сето тоа покажува што повлекува други работи како претреси по куќи како најголемиот криминалец да е вклучени“.
Северина Вучковиќ (на хрватски: Severina Vučković; родена на 21 април 1972 год. во Сплит, СР Хрватска, Југославија) e хрватска пејачка и глумица. На музичката сцена е попозната како Северина.
Животопис
Северина имала два брака. Најпрвин се омажила со Милан Поповиќ, со кого го родила синот Александар, но подоцна бракот завршил со развод. На 25 септември 2015 година, во црквата во местото Бале во Истра, Северина тајно се венчала со фудбалскиот менаџер Игор Коиќ (Igor Kojić), син на пејачот Драган Коиќ – Кеба. Подоцна, на 22 ноември истата година, брачниот пар организирале венчавка и прослава во Белград, која била наречена „Моето српско венчање“ (Moje srpsko venčanje), а венчавката ја режирал словенечкиот режисер Томаж Пандур. Претходно, Северина и Игор се запознале на еден концерт, а ги запознал менаџерот Едвин Софтиќ.[1]
Музичка кариера
Стилот на Северина може да се опише како поп со елементи на фолк и кабаре. Како дете зазела мал дел во театарски и оперски продукции во нејзиниот роден Сплит. За време на 1980-тите, добивајќи неколку награди на локални фестивали, таа ја претстави нејзината рана професионална кариера на, чиј резултат беше нејзина преселба во Загреб во 1989 со цел да направи поголеми чекори. Истата година таа го снима нејзиниот прв студио албум насловен по нејзиното име Северина. Во следните години таа создаде имиџ на национална поп икона со број 1 хитови како „Далматинка“ (1993), „Палома нера“ (1993), „Трава Зелена“ (1995), „Од роѓендан до роѓендана“ (1996), „Дјевојка са села“ (1998), „Пријатељице“ (1998), „Ја само пјевам“ (1999), „Анте“ (1999) и (2012) ,,italijana”
Следуваше огромниот успех на нејзиниот албум од 2001 насловен како Поглед испод обрве, а по него следеше турнејата Вијурен у те. Со тоа Северина го потврди нејзиниот статус како една од најпопуларните хрватски артисти. По неколку години пауза таа го издаде и нејзиниот 8 по ред албум под насловот Севергрин (2004). Во 2006 година победи на хрватскиот избор за песна за Евровизија Дора и ја претставуваше Хрватска во Атина, Грција на 20 мај 2006 со песната „Моја штикла“. Заврши на 13-тото место со 56 бода. Големи контраверзни реакција се јавија за стилот на песната, посебно од хрватските обожаватели, критичари и новинари. Критиките се однесуваа на аранжманот за кој се велеше дека потсетува на традиционална српска ритмика. Тоа Северина и авторите на песната го негираа и произлегоја со став дека тој е хрватски ритам и потекнува од Загора.
Дологоочекуваниот 10-ти албум на Северина насловен како Здраво Маријо, во кој поголем дел од песните се дело на Горан Бреговиќ, беше издаден во мај 2008. Првиот сингл од албумот е „Гас, гас“ кој стекна голема популарност, не само во Хрватска, туку низ целиот балкан. Музиката на оваа песна потсетува на српски турбофолк. Албумот доби негативни критики бидејќи Северина со имиџот кој го создаде за албумот имаше цел да го исмејува христијанството. Сепак албумот достигна голема популарност и Северина сними музички видеа за повеќе песни како „Тридесете“, „Гаде“, „Хаљиница боје лила“ и „Здраво Маријо“. На 15 декември 2009 Северина реализираше нов сингл – „Лола“ кој е дел од Милиграм компилацијата.
Дискографија
Северина – 1989
Далматинка – 1993
Трава зелена – 1995
Моја ствар – 1996
Дјевојка са села – 1998
Палома нера – Live album – 1999
Ја само пјевам – 1999
Поглед испод обрва – 2001
18 великих хитова – 2002
Вирујен у те – живо – 2002
Вирујен у те – DVD – 2003
Севергрин – 2004
Моја Штикла – 2006
Здраво Маријо – 2008
Добродошао у клуб (2012)
Хало (2019)
Никој не очекуваше ваква песна од Северина: Погледнете го спотот за „Имаш право“ (видео)
Поп ѕвездата Северина Којиќ кон почетокот на февруари наредната година ќе го објави новиот студиски албум „Хало“, кој нејзините фанови со нетрпение го очекуваат.
Севе сега реши премиерно да го промовира новиот спот за „Имаш право“, а песната е обработка на грчката „Имаш право“ за која текстот го напиша Марина Туцаковиќ.
Судејќи по коментарите станува збор за женска химна.
Она што е сигурно, е дека публиката не очекуваше ваквов музички жанр од неа, бидејќи песната е во блуз ритам.
По многубројните скандали со разводот, борбата за старателство, незаконски објавените разголени фотографии и обвиненијата дека без дозвола „украла“ песна од Балашевиќ, Северина одлучи дека нема да потклекне и дека ќе продолжи да се бори и понатаму.
Овојпат, таа објави моќна и емотивна песна, балада посветена на нејзиниот син Александар, со наслов „Rođeno moje“. Композицијата е дело на долгогодишниот соработник на пејачката, Милош Рогановиќ.
Северина од него побарала да ѝ напише емотивна балада, посветена на оној кој најмногу го сака – нејзиниот син.
„Пред мене, кога ќе ја погледнам Северина, гледам голема ѕвезда, уметник, која е пред сè мајка, која се бори за доброто на своето дете. А притоа, мора да се бори и против разните негативни, несвесни луѓе, кои се обидуваат да ѝ ја отежнат таа борба“, изјавил тој.
Слушнете ја песната и обидете се да ги задржите солзите: