Трагедија во Србија: Во сообраќајна несреќа загина легендата на Партизан






Тажна вест денес ни пристигнува од соседна Србија, во сообраќајна несреќа која се случила на патот Рума-Јарак животот го загуби легендата на Партизан Миодраг Јешиќ.




Трагичната вест ја потврди Партизан кој објави дека Јешиќ со своето возило „Ситроен“ излетал од коловозната лента и се забил во камион. Јешиќ е поранешен фудбалер и тренер на црно-белите. Според информациите веднаш им подлегнал на повредите.




Последниот ангажман на 64-годишниот стратег беше во Саудиска Арабија, а претходно работеше како тренер во Раднички, ОФК Београд, Партизан, Алтај, Славија Софија, ЦСКА Софија, ирански Ширин, Литекс…




Кариерата како играч ја започна во Партизан каде што играше на двапати, но ги бранеше боите и на турските клубови Алтај и Трабзон. Со Партизан ја освои титулата шампион на Југославија во сезоната 1982/1983.

error: Content is protected !!