Истокот тагува: Почина еден од најпочитуваните ветеринарни доктори
Тажна вест ни доаѓа од истокот на Македонија, поточно од градот Виница, каде граѓаните се во шок, по прераната смрт на еден од најпознатите ветеринарни лекари во тој дел од државата.
Млад, по тешко боледување, почина ветеринарниот доктор Спирко Филипов.
За големата загуба се огласија преку профилот на Ветеринарна Станица Виница, кои напишаа:
Почитувани клиенти и пријатели, со голема болка и тага ви соопштуваме дека нашиот НАЈСАКАН, НАЈПОЧИТУВАН, НАЈЦЕНЕТ И НЕЗАМЕНЛИВ ДИРЕКТОР Spirko Filipov по кратко боледување, неочекувано почина.
Доколку сакате да испратите последен поздрав, телото ќе биде изложено во капелата во Виница утре на ден 09.12.2022 од 10-12ч.
Вечно ќе бидеш со нас директоре, никогаш нема да те заборавиме.
Истокот тагува: Почина еден од најпочитуваните ветеринарни доктори
