Фуркан гневен на свој познаник Албанец: Од вакви патиме, во кафуле наместо да нарача на македонски, се правеше „патриот“






Многумина го сакаат и почитуваат, има и такви кои го „хејтаат“, но буквално сите мора и го почитуваат новинарот Фуркан Салиу, кој поставува нови стандарди во македонското новинарство.

Не е секогаш можеби „прав“, но секогаш има смелост да го каже и направи тоа што многумина посакуваат, но не смеат.




Често оди кај функционери и им открива валкани скандали, поради што функционерите и не го обожаваат. Сепак, тој нема намера да застане.




Со неговиот последен статус, објаснува дека не ги критикува само Македонците, туку секогаш знае да биде насочен со критика и кон Албанци, како во овој случај. Еве што напиша тој на социјалните мрежи:




-Буквално на моменти ми се гади од оваа општеството. Албанец кој што знае како е да се биде дискриминиран се обраќа на келнер со зборовите: ПА НАУЧИ АЛБАНСКИ. А можеше многу лесно и кратко да се разбере на јазикот кој што го знаат и двајцата.




Е од ваков “патриотизам” патиме. Е затоа ќе дебатираме за факинг етикети на производите а немаме со што да ги купиме тие производи.

error: Content is protected !!