Поради дојава за поставени 6ом6и, евакуирана е и скопската Железничка станица. Полицијата го блокира пристапот, а затворен е и целосно подвозникот од Центар кон Аеродром, пренесе А1он.
На терен има полициско обезбедување, кое ги евакуира граѓаните затечени кај Железничк станица кои чекале автобус. Исто так, забранет е пристапот и за автобусите на кои ова им е вообичаено почетна станица.
Од МВР засега нема официјални информации за денешните дојави.
Утрово лажна дојава за бомба пристигна и на адресата на ТЦ „Ист Гејт Мол“ во Скопје. Посетителите и вработените во дуќаните се евакуирани.
Се чекаат екипите на Министерството за внатрешни работи (МВР) да ги извршат потребните проверки.
Ова е првпат дојава за 6омба да пристигне и во трговски центар во градот, во кој што дневно има по илјадници граѓани.
Повторно дојава за 6омби денес има во 6 скопските средни училишта потврдија од МВР. Во вторникот закани по меил добија девет средни училишта и Народна банка, за кои по полициската проверка беше утрдено дека биле лажни.
ХАОС во Скопје, по училиштата и „Ист Гејт Мол“ – дојава за 6ом6а и на Железничка – ИТНА ЕВАКУАЦИЈА
