МВР објави: Дојава за 6ом6а има и во ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА, покрај тоа уште во училишта, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон










Откако во јавноста и на социјалните мрежи се појавија повеќе објави, за 6ом6и на различни локации во Скопје, со официјално соопштение се огласија од МВР.




За жал, покрај училиштата, од денес дојавите се прошируваат на повеќе локации како ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар.




Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.




Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.




Исто така, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар. Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.

error: Content is protected !!