Што е работата на Пошта: Дома не доаѓаат пратки, не доаѓаат сметки, не доаѓаат судски известувања, ништо – ова е оправдувањето, откри македонски новинар
Новинарот на ТВ 24 и проследувач на меѓународните односи, Сеад Ризвановиќ со краток статус на социјалните мрежи објасни како функционира системот во нашата држава.
Еве го неговиот статус:
-Живеам во Аеродром и на наша адреса веќе подолг период не доаѓа пошта. Не доаѓаат пратки, не доаѓаат сметки, не доаѓаат судски известувања, ништо.
Објаснувањето од Пошта е нејасно, немале човек за тој реон, неофицијално штрајкувале, но не е ни битно. Битно е дека системот веќе не функционира на ниедно ниво. Системот не е целосно распаднат но е во кома.
Не знам дали е влијание на пандемијата, на економската и енергетска криза или едноставно на неспособноста но состојбата е драматична.