СВР Штип поднесе кривична пријава против К.М.(18) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, соопшти МВР.
Претходно, на 28.05.2021, пријавениот обезбедил податоци од дебитна картичка на дедо му, по што во 468 наврати со неа плаќал за игри и вршел купувања. На тој начин го оштетил дедо му за сума од 468.832 денари, велат од министерството.
Извадок на дел дневните настани 09.12.2022
Денеска (09.12.2022) во Скопје, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија го лишиле од слобода И.Ч.(43) од Тетово, со живеалиште во Скопје. При петрес во домот во кој живее, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „Browing“ со 12 куршуми калибар 7,65 и рамка за пиштолот. Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик.
На 08.12.2022 во 10.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.Р.(20) од Скопје, со место на живеење во Куманово. Тој се сомничи дека извршил четири кражби, од кои три во куќи и една во деловен објект и одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а А.Р. бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 08.12.2022 во 14.20 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар ги лишиле од слобода Р.Р.(21) и Џ.Р.(32), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека одзеле пари од возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.Д.С.(47) од Скопје, кое истиот ден било оставено за чистење во автопералницата во која работеле. Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор го признале делото. Парите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а за случајот бил запознаен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 235 од Кривичниот законик.
На 09.12.2022 во 04.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Д.С.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.12.2022 во 12.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.12.2022 во 14.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.М.(34) од Скопје, затоа што кај него бил пронајдено и одземено масло од канабис. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 08.12.2022 во 23.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ш.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.