Ситуацијата во северниот дел на Митровица изгледа мирна по серијата тензии во последните денови. Голем број на припадници на косовоската полиција и на ЕУЛЕКС патролираат во текот на денот. Серија експлозии ги погодија објектите на Општинските изборни комисии. Во меѓувреме, доцна синоќа, од непознати лица со огнено оружје беше застрелан припадник на косовската полиција. Состојбата предизвика паника кај граѓаните. Припадниците на српската заедница велат дека се чувствуваат загрозени од зголемениот број патроли на косовската полиција.
„Поради доаѓањето на косовската полиција овде, не се чувствуваме безбедни. Се плашам од косовските полицајци повеќе од кој било друг. Порано имавме подобри односи со Албанците“.
„Нашите односи со Албанците се добри. Не живеам овде, живеам блиску Рашка“.
Но, Албанците од овој дел, велат дека, според нив, вознемируваат вооружените групи контролирани од Србија
„Не гледаме ништо опасно, бидејќи овие банди се појавуваат и создаваат несакани ситуации, кои се под диктат на Белград“.
„Не можете да се чувствувате безбеден кога има проблеми. Но, морам да живеам во овие тешки услови“
Влошената состојба на северот на Косово уследи по период на тензии околу прашањето за регистарските таблички, но ситуацијата ескалира по одлуката за вонредни избори во четирите општини на северот на Косово.
Европската мисија за владеење на правото, ЕУЛЕКС, ја опиша ситуацијата како кревка и со безбедносен јаз по заминувањето на српските припадници на косовската полиција. Мисијата соопшти дека има бројка од над 130 припадници на својата полиција и посочи дека не ја исклучува можноста за зголемување на силите, во зависност од ситуацијата создадена на теренот.
На северот на земјата се распоредени и мировни сили на НАТО, кои соопштија дека се подготвени да интервенираат во случај на потреба во согласност со мандатот на ОН. Во текот на денот, КФОР ги повика двете страни да избегнуваат активности кои би можеле да ги зголемат тензиите и да се вклучат конструктивно во политичкиот дијалог.
Нападот врз косовската полиција, кога еден нејзин припадник беше повреден, предизвика реакција на претседателката на Косово, Вјоса Османи, која порача дека на територијата на Косово повеќе нема стапнат полицајци или војници од Србија. Изјавата е дадена како одговор на барањата на српските власти за можност за враќање на српски сили на Косово, врз основа на резолуцијата 1244.
„Сторителите на овие злосторства мора веднаш да бидат изведени пред лицето на правдата. Никогаш нема да има војници и полицајци од Србија на територијата на Република Косово! Хегемонистичкиот сон на Србија никогаш нема да се оствари!“, вели Вјоса Османи.
Во моментов, ситуацијата на северот останува тензична и покрај зајакнувањето на безбедноста кај припадниците на косовската полиција. Речиси ниту еден српски полицаец не е на должност по нивната оставка од пред речиси еден месец.