Скопје годинава остана без украсување и новогодишна атмосфера. Булеварите блокирани од автобуси а плоштадот окупиран од улични кучиња. Ова е прва година како градските власти го запоставија украсувањето во Скопје. Плоштадот ни од далеку не изгледа празнично, нема украси, сијалички, ниту дедо мразовци.
– Вака изгледа главниот град во пресрет на новогодишните празници, наместо елка – дупка на плоштадот Македонија.
Градоначалничката не одговара на прашањата дали Скопје ќе биде украсено и дали планира новогодишна прослава за 31 декември. Не одговораат на прашањата ниту од прес службата на градот а до сега не е објавена јавна набавка за украси или ангажирање на фирма.
Лани Арсовска најави дека ќе ја прекине досегашната пракса и градот ќе купи свои украси кои ќе служат повеќе години и на тој начин ќе се заштеди. Граѓаните сметаат дека веќе се доцни со украсувањето и се разочарани доколку Скопје остане во сивило и без новогодишна атмосфера.
Во метрополите од регионот и светот одамна се организирани новогодишни и божиќни базари, елка на централните плоштади, украси, сијалички. И во услови на економска криза, одлучија да им приредат новогодишна атмосфера на своите граѓани.
Сите метрополи украсени – Скопје сиво, Градот не кажува дали и како ќе се украсува
