Натпреварот меѓу Аргентина и Холандија донесе многу тензија и провокации на теренот, но за жал неколку часа по мечот донесе и една трагична вест поврзана за еден американски новинар.
Познатиот американски новинар Грент Вал починал во Доха за време на средбата меѓу Аргентина и Холандија во четвртфиналето на Светското првенство, откако неговиот колега Тод Голдман алармирал за влошување на неговата состојба во една од просториите за новинарите.
Во моментите кога му се слошило, Грант известувал за случувањата на средбата на мундијалот во Катар, а откако имало прв обиде за реанимација, за жал била констатирана смpт во болница.
Cмpтта на 48-годишниот новинар ја потресе цела американската фудаблска Федерација од каде се јавија со официјално соопштение за слученото, но повеќе од јасно е дека сега ќе следи истрага за неговата cмpт поради зборовите на неговиот брат.
Грант се пожалил на болки во пределот на градите пред неколку дена и истакнал дека не се чувствува најдобро во Катар, а беше и пpиведен од полицијата поради тоа што имаше обид да влезе на теренот со маичка која ги има боите за поддршка на ЛГБТ заедницата.
– Моето име е Ерик Вал, живеам во Сиетел. Јас сум брат на Грент Вал и јас сум гej. Јас бев причината поради која тој носеше таква маичка на мундијалот. Мојот брат беше здрав, ми кажа дека добивал закани за cмpт. Не верувам дека умpе сам од себе, мислам дека го у6иja, – порачал братот на новинарот на социјалните мрежи.