Комбе полно со патници заглавени во водата, сирените свират, Брза помош поплавена: Снимки кои болат (ФОТО)

Страшни снимки по невремето од Скопје.

Крајно опасна е ситуацијата со која Брза помош се најде заглавена во водата, притоа пуштени се и сирените на истата, која веројатно била на повик.

Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево го зафати Скопје. Поплавени улици, паднати покриви, паднати дрвја, поплавени автомобили….

Сообраќајот по улиците беше отежнат. Невремето траеше десетина минути, за кои дождот, ветерот и градот предизвикаа многу штета, особено во Аеродром, Центар, Чаир и околината.

Вечерва екипи на Град Скопје ќе излезат на терен, и ќе се проценува штетата.

Во продолжение видео од 4news.mk

error: Content is protected !!