Денес, сабота, во 12 часот и официјално започна со работа Штип Сити Мол. Од лице место може да се забележи огромна посета од страна на штипјани, но и луѓе од другите градови од источна Македонија.
Долго најавуваниот проект конечно е реализиран, а сето тоа беше причина граѓаните од оваа општина да направат масовна посета на истиот.
За најмладите посетители ќе се погрижат: Стела и Сани, Хорот на Златно Славејче, Аниматори и акробати
За возрасната публика, на денот на отворањето свој настап ќе имаат: DJ Goldie, Мина Блажев, дуото Дац и Александар.
ФОТО: Денес во 12 часот започна со работа еден од најголемите молови во државата – огромен број на посетители
