Србија ќе испрати барање до НАТО да распореди српски војници и полицајци на Косово, истакна Вучиќ










Србија ќе побара од мировните сили на НАТО да ѝ дозволат да распореди српски војници и полицајци на Косово, во согласност со одредбите на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244, кажа денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.




На прес-конференција во Белград, Вучиќ изјави дека ќе испратат писмо со барањето до командантот на КФОР, иако е сигурен дека барањето ќе биде одбиено.




„Ние денеска го усогласивме текстот со барањето кое во согласност со резолуцијата 1244 ќе го испратиме до командантот на КФОР да обезбеди распоредување на припадници на војската и полицијата на Србија на територијата на Косово. Со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244 е потврдено дека на договорен број српски војници и полицајци ќе им биде дозволено да се вратат на Косово за извршување одредени функции. Досега со КФОР не се водени разговори за враќањето на овие припадници“, изјави Вучиќ.




Изјавите на Вучиќ доаѓаат по серија инциденти меѓу косовските власти и Србите кои се мнозинство на северот на Косово.

„Со прстот на чкрапалото дојдоа да го земат виното. Специјалците дојдоа да уништат семејство“, нагласи Вучиќ.




„Возило на РОСУ ‘случајно’ влетало во двор на градинка. Немаат што да прават на северот на Косово и така натаму, а упаднале во детска градинка. Велат дека повикале обични полицајци без опрема и пиштоли. Упаднаа во северна Митровица, 300 од нив. Никој не бил нападнат во мултиетнички области. Зошто лажете? Мислите дека ако ги убедивте ЕУЛЕКС и ОЕБ, а не беше тешко да ги убедите, кого друг лажете?“, запраша српскиот претседател.




Тој потоа покажа фотографија од хрватските медиуми од Незири, кој денес е херој бидејќи го погодиле неколку парчиња стакло.

„Курти вчера рече – не можете да поставувате детски барања како ЗСО“, вели Вучиќ.




„Еве документ кој покажува дека во 2018 година е завршена работата околу изработката на статутот на ЗСО. Еве и писмо од менаџерскиот тим до Лајчак со кој ги информира за сработеното. Сега влегуваме во 2023 година и велат дека тоа се нашите детски игри, не повикуваат да се вратиме во институциите, а престојот во институциите е поврзан со ЗСО, а тие тоа го нарекуваат игра“, додаде тој.




„Србите го почитуваа договорот десет години. Не сум толку глупав како што на некои им изгледам и нема да го прифатам тоа. Ќе мора да го исполнат она што потпишаа во бриселскиот договор, ако не сакаат ќе бидеме изложени на надворешни притисоци, најтешки можни, а тоа можам да го очекувам веќе од 17-ти, кога претставниците на Германија, Франција и Брисел ќе ми објаснуваат како морам да се однесувам и какви ќе бидат последиците“, додаде Вучиќ.

error: Content is protected !!