Македонија е ПРВАК во светот: Горди сме на вас – Кантерашите во Бали ја потврдија доминацијата во CS:GO










Репрезентацијата на Македонија во Counter Strike: Global Offensive (CS:GO) направи уште еден историски подвиг и ја одбрани титулата светски шампион во една од најпопуларните игри во светот.




Нашите репрезентативци по нешто повеќе од една година повторно ја направија нацијата горда. Во минатогодишниот настап на Светското првенство во Романија, Македонија одигра доминантно и забележа неверојатен успех, кој денес беше повторен за нова голема радост на македонските е-спорт фанови.




Македонските кантераши во големото финале на СП во Бали ја совладаа соодветната селекција на Монголија со убедливи 3-1 во мапи и така го одбранија златниот медал. Ова се хероите кои одново носат златен медал за Македонија: Дамјан „kyxsan“ Стоилковски, Јане „aidKiT“ Апостолоски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Даниел „dan1“ Глигоров, Павле „stYleEeZ“ Стојановски.




За време на турнирот репрезентацијата на Македонија имаше и падови и порази, па мораше по потешкиот пат да оди кон одбрана на тронот, но сепак успеа во тоа. Кон патот до големото финале Македонија беше поуспешна од Аргентина, Германија, Русија и Индонезија.

error: Content is protected !!