Видеото од лице место го пренесе 4news.mk
Поплавени возила, сообраќајници под вода, скршени дрва и покриви, подруми наполнети со вода. Ова е последицата од невремето кое во Скопје започна пред околку еден час. Поројниот дожд проследен со град, силен ветер и грмотевици направи многу проблеми.
Откако Скопје попладнево беше зафатено од силно невреме кое предизвика штети, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје.
„По невремето кое го зафати градот Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје“, се вели во соопштението од Град Скопје.
Веројатно една од најопасните ситуации поврзана со невремето се одвиваше кај подвозникот под стоковната куќа „Мост“, каде од едната страна имаше заглавена Брза помош, а од другата страна заглавено е патничко комбе, заедно со патниците внатре.
За оваа ситуација реагираа пожарникарите од Град Скопје, кои поставија скала, а од комбето до скалата патниците, меѓу кои имаше и деца ги носеа на грб.
Меѓу патниците имаше и лице со штака, а интересно беше што најпрво беа „спасени“ табли со јајца.
Во продолжение фотографии од акцијата, а на самиот крај и видеото oд 4NEWS.mk
Видеото од лице место го пренесе 4news.mk
Видеото погледнете го со клик