Трагедија го потресе Скопје: Маж се фрли во реката Вардар, полицијата на терен – ова се деталите






Екипи на МВР и противпожарните единици од утрово трагаат по лице кое се фрлило во водите на реката Вардар. Мажот скокнал од мостот Близнак на булевар „Србија“ во Скопје.




Коритото на реката го пребаруваат тимови на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.




Преку Центарот за управување со кризи побараа подршка и ангажирање на спецализираните тимови за пребарување во води од Дирекцијата за заштита и спасување.




Информацијата за случајот е добиена утрово во 6 часот на телефонскиот број 112.

-На ден 11.12.2022 година во 06:00 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од Мостот Близнак на Булевар Србија се фрлило во речното корито во надојдените води на реката Вардар. На лице место се излезени екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје како и екипи на МВР и истите преку Центарот за управување со кризи побараа подршка и ангажирање на спецализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.




При кординативната постапка од Центарот за управување со кризи ова барање е проследено до ДЗС за превземање на мерки и активности во нивната надлежност, со цел да се пронајде лицето.

Останати информации од ЦУК:

Од Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово е добиена информација дека водата од кај подвозникот кај с. Фалише во Општина Тетово е испумпана и дека сообраќајот се одвива нормално без проблеми од утрово.

Но, во реонот на Тетово се уште времете е врнежливо и ако така продолжи, можно е повторно подвозникот да биде поплавен. Ситуацијата се следи од дежурните при надлежните институциите од Системот за управување со кризи во Општина Тетово.




Од УХМР известуваат дека како резултат на врнежите изминатата ноќ, поголеми зголемувања на водостојот има на водотеците во западниот дел на земјата, односно на р.Радика, р.Сатеска, р.Голема и р.Пена, кои и денеска се очекува да бидат високи, особено на р.Радика заедно со нејзините притоки во сливот. Поради најавените можни локални поројни врнежи во источните делови, можно е на места зголемување на водостојот на помалите реки и суводолици во тој регион.

Предупредуваме на внимателно движење покрај реките и суводолиците во крајните западни и во делови од источните делови (каде се најавени можни локални поројни врнежи) на земјата во текот на денешниот ден.

Од АМСМ известуваат дека поради одрони на магистралниот пат Кичево-Охрид кај с.Врбјани од 12:30 часот, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

error: Content is protected !!