Новогодишните празници доаѓаат, со тоа и атмосферата за пречекот на Новата година е се поголема.
За нашиот најголем туристички центар – Охрид најавено е осветлување и уксрасување како сите изминати години, заради тоа што се очекува голем број гости од регионот и државата.
Клубот со најголем капацитет кој може да прими повеќе од 3000 гости – клуб „Хангар“ оваа следниот викенд го носи еден од најбараните изведувачи на Балканот – Слоба Радановиќ.
Слоба Радановиќ е млад пејач кој зад себе има неколку хитови, а и неколку „Кавер“ видеа од кои најпознатите се: „Ако неко пита“, „Само једном срце воли“ , „Немој много да ме волиш“.
Од менаџерскиот тим велат дека заинтересираноста е огромна, а информации околу влезници и резервации може да се добијат на 074 24-66-66 .