Нова трагедија со автобус: Сообраќал од Грција кон Бугарија во време на несреќата – има жртви и дури 18 повредени






Уште една трагедија поврзана со автобус на Балканот, во последните неколку месеци истите зачестија и се почесто на медиумите сме сведоци за немилите настани.




Автобусот што излета во провалија кај Свиленград сообраќал од Кавала кон Бургас. Ова за БТВ го изјави Бојко Рановски од Извршната агенција „Автомобилска управа“.




Според првичните информации кои ги сподели тој, во автобусот имало 43 патници, од нив 18 се повредени, а за жал има и една жртва.




Рановски објасни дека фирмата што го врши транспортот е од Бургас, и истата има регуларна лиценца.




Според првичните податоци несреќата се случила на влажен коловоз. Алко-тестот на возачите бил негативен, појасни тој.

Дополнително ќе се прави истрага да се утврди причината за несреќата.

error: Content is protected !!