Финансиската поддршка од 3.000 денари месечно е за период од 4 месеци.
Во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Според законот, помош од 3.000 месечно ќе добијат:
-корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица,
-корисниците на посебен додаток,
-корисниците на правото на надоместок поради попреченост,
-корисниците на надоместокот за попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок поради попреченост, без потреба од контролен преглед и
-самохраните родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.
Финансиската поддршка од 3.000 денари месечно е за период од 4 месеци.