Данела свика Кризен состанок – Шилегов се огласи и имаше што да каже

По невремето кое го зафати Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје. Ова го соопштија од Град Скопје.

Невремето проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер што попладнево го зафати Скопје, предизвика поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови. Има и искрешни дрва и гранки. Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода.

Од ЦУК информираат дека освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.

УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов упати критики кон сегашната градска власт и актуелната градоначалничка Данела Арсовска поради недоволно справување со невремето кое го зафати главниот град.

-За да нема нејаснотии (особено кај ботовите, со “мантрата”дека ми било криво)

Град Скопје, има (или би требало да има) Кризен штаб. Тие луѓе (и Градоначалникот) секојдневно би требало да примаат информации за состојбите во градот, вклучително и за најавените невремиња.

Согласно тие информации, се превземаат превентивни мерки (кои, за воља на вистината) не можат да превенираат секаква состојба, но можат сериозно да ги намалат негативните последици.

Сериозни луѓе, превенираат. Другите се “менаџери” …, напиша Шилегов на социјалните мрежи.

Која е Данела Арсовска:

Данела Арсовска (р. 20 декември 1979) — македонски економист, активист, политичар, во 2014 година е избрана за претседател на Македонските стопански комори — сојуз на национални стопански комори, промовирајќи економска соработка на национално и меѓународно ниво, врз основа на принципите на слободна трговија и фер конкуренција. Таа беше назначена за претседател на Македонската унија на организации на работодавачи во 2015 година.

На национално ниво, Арсовска е претставник во Собранието на Република Македонија, Национален совет за европска интеграција од 2016 година. Таа е член и на Советот за јавно приватно партнерство во Владата на Република Македонија. Данела Арсовка е градоначалник на Скопје.

Арсовска се стекна со диплома по право во Скопје на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “. Има магистратура по економија и извршно образование од Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Шефилд.

Таа држи низа академски и консултантски позиции во Македонија и на меѓународно ниво, и држела предавања за развојни теми на универзитети и конференции Арсовска течно зборува македонски, англиски, германски јазик, а зборува и бугарски и српски јазик.

Арсовска има неколку позиции на високо ниво во меѓународни меѓувладини организации и исто така има низа експертски позиции. Таа служи на панелот при Светската банка ICSID во Вашингтон, САД од 2016 година. Во 2017 година беше назначена за членка на Судот во Судот за помирување и арбитража на ОБСЕ во Geneенева, Швајцарија, а исто така е и член на Судот на Постојаниот арбитражен суд во Хаг, Холандија од 2017 година.

Арсовска е македонски претставник во Меѓународната стопанска комора (МКС) и избрана членка на Генералниот совет во Светската федерација на комори.

Како признание за нејзината работа во 2018 година, Светскиот инвестициски форум за деловни ангели ја додели Арсовска како „Најдобар модел на деловна жена во Југоисточна Европа“. Во 2019 година на 6-тиот Самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа, Арсовска беше наградена со Признание за нејзиниот посебен придонес во развојот на претприемништвото. Во 2020 година Арсовска беше наградена со сертификат за заслуга од Кунио Микурија, генерален секретар на Светската царинска организација, како признание за нејзиниот придонес во развојот на царината. Признанието го врачи генералниот директор на македонската царинска управа.

Во пресрет на локалните избори во Македонија 2021, Данела Арсовска ја истакнува својата кандитатура како независен кандидат за градоначалник на Скопје. Во брз рок го исполнува условот за кандидатура, собирајки ги потребните гласови за истата. Зад независната кандитатурата за градоначалник, добива поддршка од најголемата опозициска партија во Македонија ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициони партнери од албанскиот политички блок Алианса за Албанците и Алтернатива, како и од голем број на познати скопски интелектуалци, уметници и видни граѓани.

Кој е Петре Шилегов?

Петре Шилегов (р. 12 јуни 1969 во Скопје) — македонски политичар и правник. Шилегов дипломирал на правниот факултет „Јустинијан I“ во 1995 година, и во два мандати бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Во еден мандат бил градоначалник на Град Скопје.

За време на градоначалничкиот мандат на Ристо Пенов, Шилегов бил член на управниот одбор на Комунална хигиена – Скопје. Во 2005 година бил дел од второстепената комисија за жалби по јавни набавки во Владата на Република Македонија. Шилегов во јуни 2013 бил именуван за портпарол на СДСМ, а на парламентарните избори во 2014 станал пратеник како носител на листа во втората изборна единица. Вториот пратенички мандат го освоил на парламентарните избори во 2016 како носител на листа во шестата изборна единица.

На локалните избори во 2017 Шилегов станал градоначалник на Скопје по првиот изборен круг со освоени 141.164 гласови, односно 40 илјади повеќе од неговиот противкандидат Коце Трајановски. Пред да влезе во политиката, Шилегов работел во приватна адвокатска канцеларија како адвокат од областа на стопанското право. Тој е оженет и татко на две деца.

Заглавени автомобили и луѓе по невреме во Скопје

Четири автомобили од кои во еден се наоѓаат и деца се блокирани, a уште 15 лица се заглавени во едно комбе и други автомобили кај стоковната куќа Мост, по невремето што попладнево го зафати Скопје.

На двете локации моментално се наоѓаат и припадници на противпожарната бригада.

Од службата за итна медицинска помош за МИА велат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повредени.

Од Центарот за управување со кризи, пак. апелираат дека граѓаните треба да имаат разбирање оти службите реагираат по приоритет.

Полициски службеници во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме.

Поплавени улици, подруми, гаражи, паднати кровови од згради, паднати билборди, искршени дрвја паднати врз автомобили е сликата по невремето кое попладнево го зафати Скопје. Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) не телефонот 112 постојано пристигнуваат повици од граѓани за предизвикани штети, а има и заглевано коли на скопските улици кои се поплавени од дождот. Низ цело Скопје е отежнат сообраќајот.

„Под подвозникот кај хотел ‘Континентал‘ имало заглавено 4 автомобили, а во едната кола има и деца. Под поранешна стоковна куќа Мост‘ (сега подвоник под плоштадот Скендербег н. з.) има многу вода и заглавени се неколку автомобили и едно комбе со вкупно 15-тина луѓе. На нив им се помага од страна на службите според приоритет. Граѓанин од улицата Киро Крстевски пријави дека кровот од зградата на пет спрата е летнат и дека на неговите родители им врне дожд директно во станот. За ова се веќе известени надлежните од Општина Кисела Вода и Пожарната бригада“, велат од ЦУК.

error: Content is protected !!