Полицијата трага по разбојникот кој ограби маркет во Карпош 3, не зел заложници, веднаш избегал









Разбојникот кој ограби маркет вечерва во Карпош 3 како што објави 24Инфо е во бегство, а полицијата спроведува акција за негово апсење.




-Полициски службеници спроведуваат акција за приведување на разбојник, кој според пријавеното околу 21 часот извршил кривично дело разбојништво во маркет на ул. Драгиша Мишовиќ, велат од МВР.




Од министерството демантираат дека имало заложничка драма, иако според изјави на очевидци,тие го виделе разбојникот кој се заканувал на вработените. Било крај на работното време па немало муштерии.




Сепак, разбојништвото веднаш било пријавено па полицијата стигнала многу брзо.




Разбојникот успеал да избега, иако полицијата со повици СТОЈ се обиделе да го запрат. Тогаш се слушнале и пукотници. Нејасно е кој пукал, иако форензичарите собираат траги пред маркетот, најверојатно чаури од истреланите проектили.




Според очевидци, веднаш дошле неколку полициски возила со специјалци.

error: Content is protected !!