МВР брзо реагираше, во интерес на граѓаните!
За некој можеби не е многу, на за некој тоа значи повеќе од се.
Четири автомобили од кои во еден се наоѓаат и деца се блокирани, a уште 15 лица се заглавени во едно комбе и други автомобили кај стоковната куќа Мост, по невремето што попладнево го зафати Скопје.
На двете локации моментално се наоѓаат и припадници на противпожарната бригада.
Од службата за итна медицинска помош за МИА велат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повредени.
Од Центарот за управување со кризи, пак апелираат дека граѓаните треба да имаат разбирање оти службите реагираат по приоритет.
Полициски службеници во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме.
Меѓу другото, се извлекуваат заглавените возила од подвозниците, како ова возило од подвозникот кај хотелот Александар палас.
Погледнете го видеото:
Од ЦУК информираат дека освен во Скопје, силно невреме попладнево има и во Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе…
Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје известува дека при невремето што го зафати поширокото подрачје на Скопје, пропратено со силен ветер и обилен дожд, а и град со големина на лешник на места, пристигаат дојави (пријави) од разни локации на градот при што јавувачите, покрај на 112, пријавуваат и на 195: паднати и скршени дрвја, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории од куќи, згради, објекти и гаражи.
Дојавите од страна на Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби на нивна понатамошна реализација во рамките на своите можности, а и според прироитет да се помогне прво на загрозените луѓе.
На пример, граѓанин, од ул. Киро Крстевски бр. 3 – пријавил дека кровот од зградата на пет спрата е „летнат„ и дека на неговите родители им врне дожд директно во станот (ова е според јавувањето како најдрастичен пример), но сепак тоа е пријава од лице место на засегната страна. За ова се веќе се известени надлежните од Општина Кисела Вода и БППЗ.
Под подвозникот кај хотел Континентал имало заглавено 4 автомобили, а во едниот имало неколку дечиња. Под стоковна куќа Мост има многу вода и заглавени се неколку автомобили и едно комбе, вкупно 15 луѓе. Ним им се помага од страна на службите според приоритет, информираат од ЦУК.
Невремето однело кров на петкатница во Кисела Вода
Четири автомобили од кои во еден се наоѓаат и деца се блокирани, a уште 15 лица се заглавени во едно комбе и други автомобили кај стоковната куќа Мост, по невремето што попладнево го зафати Скопје. На двете локации моментално се наоѓаат и припадници на противпожарната бригада.
Од службата за итна медицинска помош за МИА велат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повредени.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку бројот за итни случаи 112 ги префрлува повиците за итни случаи за помош за граѓаните погодени од невремето до надлежните институции и служби од Град Скопје и општините од скопско.
-Прво се помага на загрозените и тоа по прироритет што го имаат како стандардна операивна процедура професионалците од ангажираните институции и служби од системот за управување со кризи, а потоа и ќе се сумираат штетите. Има информации од скопско за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати кровови од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја коишто паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето… – информираат од ЦУК.
Поплавени улици, куќи, урнати кровови, потопени возила од невремето во Скопје
Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје известува дека при невремето што го зафати поширокото подрачје на Скопје, пропратено со силен ветер и обилен дожд, а и град со големина на лешник на места, пристигаат пријави од разни локации на градот.
-Дојавите од страна на Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби на нивна понатамошна реализација во рамките на своите можности, а и според прироитет да се помогне прво на загрозените луѓе. На пример, граѓанин, од ул. „Киро Крстевски“ бр. 3 – пријави дека кровот од зградата на пет спрата е „летнат“ и дека на неговите родители им врне дожд директно во станот. За ова се веќе известени надлежните од Општина Кисела Вода и БППЗ.
Под подвозникот кај хотел Континентл имало заглавено 4 автомобили, а во едниот имало неколку дечиња. Под Куќа Мост има многу вода и заглавени се неколку автомобили и едно кобе, вкупно петнаесетинаетина луѓе. На нив им се помага од страна на службите според приоритет – велат од ЦУК.
Инаку, по невремето кое го зафати Скопје, градоначалничката Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб на Град Скопје. Ова го соопштија од Град Скопје.
д ЦУК информираат дека освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.
УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.
На социјалните мрежи се појави видео од заглавено амбулантно возило во овој дел на градот. Има поплавени улици во Скопје, оштетени покриви, и паднати дрвја. Невреме има во повеќе региони во Македонија. Во Кисела Вода покрив од зграда паднал врз автомобили. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска свика итен состанок на Кризниот штаб.
По силното невреме: Муцунски, советниците и службите на терен, се санираат штетите во Аеродром
По силното невреме кое го зафати главниот град, градоначалникот заедно со претседателот на советот, советниците и службите на општината се на терен и во активна комуникација со градските претпријатија работат на отстранување на проблемите кои настанаа по дождот, проследен со силен ветер, информираат од општина Аеродром.
-Во моментов од наша страна се детектираат најпогодените точки во општината и секаде каде што е забележана штета предизвикана од невремето, истата ќе биде посочено до надлежните градски претпријатија за нејзиното санирање во најкраток рок. Општината Аеродром е вистински сервис на жителите и во соработка со градските претпријатија интензивно работи на решавање на проблемите на граѓаните и санирање на штетите, велат од општината.