Три хороскопски знаци кои во 2023 ги чека свадба









Почетокот на годината можеби не изгледа ветувачки, знаејќи дека од 29 декември 2022 г. до 18 јануари 2023 г., ќе бидеме под влијание на ретрограден Меркур, но потоа овие три хороскопски знаци имаат големи шанси годината што ни доаѓа да ја запаметат засекогаш како година на нивната љубов. На слободните ѝм се смешка сродна душа, а оние кои се во врска би можеле да запловат во брачните води сосема задоволни од својот избор.




Бик

Годината која ја дочекуваме ќе биде многу поволна за брак и партнерски односи. Поточно, ова ќе биде година која никогаш нема да ја заборават заљубените Бикови кои веќе подолго време размислуваат за брак. Од почетокот на годината до 6 март 2023 г. Меркур ќе транзитира во деветта куќа како владетел на втора и петта куќа на овој знак.




Резултат на ова е неверојтаната среќа која ќе ги следи Биковите на полето на љубовта, без разлика дали се слободни или се во стабилна и цврста врска.

Во текот на првите три месеци во 2023 ќе влезат во врски кои ќе бидат судбински и кои ќе ги променат животите на претставниците на овој хороскопски знак. Биковите кои ќе започнат врска во првите три месеци од годината, веројатно ќе се венчаат на крајот на годината.




Шкорпија

Ги очекува година исполнета со љубов. Оние кои се сѐ уште слободни ќе имаат прилика да изградат силни врски, па дури и да основаат семејство. Оние кои сакаат да стапат во брак, желбата ќе им се исполни во првите четири месеци од наредната година. Паровите кои се разделиле ќе добијат прилика да ја поправат врската и да создадат силни истабилни односи кои ќе траат долго. На сите недоразбирања им доаѓа крајот.




Во јуни и во јули некој трет би можело да внесе напнатост во нивниот љубовен однос. Од 22 јануари до 15 февруари 2023 г. Венера ќе транзитира во нивното четврто поле. Во овој период немажените Шкорпии ќе имаат можност да го најдат партнерот на својот живот, а оние кои овој период ќе прават свадба ќе добијат скапи подароци и голема сума пари.

Водолија

Од 15 февруари до 12 март 2023 г. Венера ќе поминува низ нивната втора куќа. Благодарение на тоа, оние кои се врска или во брак, драстично ќе го поправат својот однос, сите несогласувања со леснотија ќе се решаваат, а љубовта буквално ќе цвета. Во овој период Водолиите ќе бидат посебно слатокоречиви и ќе им биде многу лесно да го импресионираат секој оној што ќе им падне во око.




Од 12 март до 6 април 2023 г. Венера ќе поминува низ нивната трета куќа. Овој период повеќе ќе ги привлекуваат припадниците на посилниот пол, ќе бида полни со енергија насочена кон авантури и романси, но ќе има и судбински средби.

error: Content is protected !!