Вирусите ги празнат градинките, а ги полнат болниците









Вирусите ги празнат градинките, а ги полнат ординациите.




Поради симптоми како кашлица, кивавица и температура гужви во педијатриските ординации и детските болници. Респираторните вируси како што синцицијалниот периодов доста се шират помеѓу најмалите, велат матичните педијатри кои периодов имаат полни раце работа. Д-р Мира Атанасова појаснува дека родителите треба да знаат оти ништо не прават со тоа што веднаш итаат кон клиниките за да направат лабораторија, оти во првите 24 до 48 часа, не се добива точен резултат за она што се случува во организмот на детето.




Иако за некои деца специјалистите се неопходни, многу родители од Скопје, но и од внатрешноста, ги прескокнуваат матичните лекари и одат дирекно во „Козле“ и Детската болница при комплексот „Мајка тереза“, велат лекарите. Од детската клиника за Канал 5 тврдат дека огромен е притисокот со пациенти, дневно имаат и по 150 прегледи, а за да се намали, посочуваат оти треба да се вратат дежурните служби што се укинати.




Дополнителен проблем во време кога се очекува да има наплив на пациенти е и недостатокот на кадар. Мал е бројот на педијатри што работат и како матични лекари на ниво на држава, а она што постојано се случува во специјализираните јавни установи е одливот на доктори. Или заминуваат да работат во приватните болници за повеќе пари, или пак земаат билет во еден правец, најчесто во европските земји.

error: Content is protected !!