И тоа се случи: ЕВН го исклучи ГТЦ од струја поради долг









ГТЦ денес остана без електрична струја поради неплатен долг кон ЕВН.




На листата на должници е и Градскиот трговски центар кон ЕВН, кој денес покрај другите беше исклучен поради потрошена, а не исплатена електрична енергија.




Директорот на ГТЦ информира дека на ЕВН му должат само една сметка од 400 илјади денари. Откако бил постигнат договор, струјата повторно е вратена во ГТЦ.




– ГТЦ беше исклучен поради доспеан долг, меѓутоа истиот е повторно повторно приклучен по постигнат договор дека долгот ќе биде подмирен – велат од ЕВН и додаваат дека се работи за исклучување кое беше најавено за 15 декември за сите должници.

error: Content is protected !!