Славчо не издржа, па го спомна и Тоше: Го правевте xомоcekcуалец додека беше жив – а потоа велевте дека е ангел









Метеорологот Славчо Попоски не издржа по различните коментари кои ги добива преку социјалните мрежи, па се одлучи да напише еден статус за тие луѓе, кои ги нарече „тастатурските јунаци“, а притоа го спомна и легендата Тоше Проески.

Еве го статусот на Славчо:




-Последна објава во мојот живот поврзана за “Тастатурските Јунаци”: Поплави во регионот, еве поплави и во Македонија и поплавени куќи особено во Струшко Враништа!




Што мислете вие тастатурски јунаци на какви поплавувања мислам кога најавувам? На оние кои предизвикуваат недај Господе човечки жртви и тоа го чекате за да биде прогнозата успешна? Хаха се лажете и тоа гадно се лажете!




Вие пукате од мака и за тоа што заработувам и од многу други страни е тоа вие болката! Во оваа прилика сакам да го споменам и покојниот Тоше Проески, додека беше жив го правевте лош човек и Хомосексуалец, што јас не правам разлика и не делам на никој и секој треба да си го живее својот живот како што сака!




Е од после кога загина вие Тастатурски Јунаци де Ангел бил, де незаменлив а и светец го направивте ( Покојниот и повеќе заслужува од светец и тоа затоа што беше со многу добра душа и не знаеше лошо да направи на човек).




Ете сега се е разјаснето. Поздрав драги мои подржувачи кои ве има во ОГРОМЕН број од цела Македонија и пошироко од регионот!




Продолжуваме и понатаму со нови успеси со Господ напред, а Тастатурските Јунаци нека пукаат од мака зошто мое се, ама баш се погодено во животот!

error: Content is protected !!