Денешното невреме во Скопје направи огромни проблеми.
Повеќе десетина луѓе беа поплавени и заглавени на две локации, под подвозникот на Стоковна куќа Мост и на кружниот тек кај хотел Континентал.
Тешко е и кај Континентал каде ае заглавени повеќе автомобили во кои покрај возрасни имало и неколку деца.
Спасувачите од скопската противпожарна бригада вршат евакуација на двете локации. МВР со своите автомобили извлекуваат заглавени автомобили во водата.
На социјалните мрежи пак се појави и видео од поплава во зграда во Скопје, во стан каде наводно квадратот чини 1.500 евра.
-Кај Мајчин Дом зградата на ЗСФ, 1500 евра квадрат со гратис базен, – пишува до објавата на видеото.
Кај Мајчин Дом зградата на ЗСФ, 1500 евра квадрат со гратис базен. pic.twitter.com/G7mbEZWgEI
— Ферчина (@_ferchina_) August 30, 2022
Во истата зграда pic.twitter.com/gnJbtlNhx8
— Ферчина (@_ferchina_) August 30, 2022
Муцунски: Службите се на терен, проблемите ќе бидат санирани
По силното невреме кое го зафати главниот град, градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски заедно со претседателот на советот, Дејан Митески и останатите советници и службите на Општината излегле на терен. Во активна комуникација со градските претпријатија градоначалникот појаснува дека работат на отстранување на проблемите кои настанаа по дождот кој беше проследен со силен ветер.
-Во моментов ги детектираме најпогодените точки во Општината и секаде каде што е забележана штета предизвикана од невремето. Повикуваме аеродромци да останат смирени бидејќи штетите ќе бидат посочени до надлежните градски претпријатија и ќе бидат санирани во најкраток рок, информира Муцунски.
Тој исто така соопшти дека централата во Општина Аеродром денеска ќе работи со продолжено работно време (од 19:30 до 22:00 часот) со цел жителите да можат да ги пријават штетите кои настанаа од силното невреме.
-Апелираме секоја штета предизвикана од невремето да биде пријавена на телефонскиот број 2400970, денеска во посоченото време или пак во наредните денови од 08 до 16 часот. Повикуваме на смиреност и претпазливост. Службите се на терен, а проблемите ќе бидат санирани во најкраток можен период, додаде градоначалникот на Аеродром.
Четири автомобили од кои во еден се наоѓаат и деца се блокирани, a уште 15 лица се заглавени во едно комбе и други автомобили кај стоковната куќа Мост, по невремето што попладнево го зафати Скопје.
На двете локации моментално се наоѓаат и припадници на противпожарната бригада.
Од службата за итна медицинска помош за МИА велат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повредени.
Од Центарот за управување со кризи, пак, апелираат дека граѓаните треба да имаат разбирање оти службите реагираат по приоритет.
Информираат дека на телефонот 112 граѓаните може да пријавуваат паднати дрва, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории.
Има информации од Скопско за поплавени улици, паркинзи, подруми, гаражи, паднати покриви од згради, паднати билборди, многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили и слични случаи предизвикани од невремето…
– На улица „Киро Крстевски“ бр. 3 пријавено е дека покрив на петкатна зграда е оштетен, и дека за тоа се известени надлежните од Општина Кисела Вода и Територијална противпожарна бригада на Град Скопје, соопштуваат од ЦУК за МИА.
Полициски службеници во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме, објави државната агенција МИА.
Се извлекуваат заглавените возила од подвозниците кај хотелот Александар палас, кај Континентал и кај стоковна кужа Мост.
Интервенира и службата за итна медицинска помош. За МИА информираа дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повреди.
ЦУК: Ѕвонете на 112
Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје известува дека при невремето што го зафати поширокото подрачје на Скопје, пропратено со силен ветер и обилен дожд, а и град со големина на лешник на места, пристигаат дојави (пријави) од разни локации на градот при што јавувачите, покрај на 112, пријавуваат и на 195: паднати и скршени дрвја, откорнати кровови, заглавени возила, поплавени простории од куќи, згради, објекти и гаражи.
Дојавите од страна на Регионалниот центар за упрвување со кризи РЦУК Град Скопје на најбрз начин се пренесуваат до надлежните служби на нивна понатамошна реализација во рамките на своите можности, а и според прироитет да се помогне прво на загрозените луѓе.
На пример, граѓанин, од ул. Киро Крстевски бр. 3 – пријавил дека кровот од зградата на пет спрата е „летнат„ и дека на неговите родители им врне дожд директно во станот (ова е според јавувањето како најдрастичен пример), но сепак тоа е пријава од лице место на засегната страна. За ова се веќе се известени надлежните од Општина Кисела Вода и БППЗ.
Под подвозникот кај хотел Континентал имало заглавено 4 автомобили, а во едниот имало неколку дечиња. Под стоковна куќа Мост има многу вода и заглавени се неколку автомобили и едно комбе, вкупно 15 луѓе. Ним им се помага од страна на службите според приоритет, информираат од ЦУК.
Невреме – која било опасна метеоролошка појава со потенцијал да предизвика штета, сериозно општествено нарушување или загуба на човечки живот. Видовите на тешки временски појави се менуваат во зависност од географската ширина, надморската височина, топографијата и атмосферските услови. Силен ветер, град, прекумерни врнежи и пожари се облици и ефекти на јако невреме, како и грмотевици, врнежи, торнада, поплави, тропски циклони и екстратропски циклони. Регионални и сезонски тешки временски појави вклучуваат снежни бури, ледени бури и песочни бури.
Централата во Општина Аеродром денеска ќе работи со продолжено работно време (од 19:30 до 22:00 часот) со цел жителите да можат да ги пријават штетите кои настанаа од силното невреме.
Апелираме секоја штета предизвикана од невремето да биде пријавена на телефонскиот број 2400970, денеска во посоченото време или пак во наредните денови од 08 до 16 часот.
Пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево зафати делови од Скопје. Поплавени се улици, подвозници, гаражи, куќи и дворови.
Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците кои се под вода. За сега Центарот за управување со кризи работи на најкритичните точнки и се уште нема информации за штети.
Ухмр најави дека нестабилното време ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.
Централата во Општина Аеродром денеска ќе работи со продолжено работно време (од 19:30 до 22:00 часот) со цел жителите да можат да ги пријават штетите кои настанаа од силното невреме.