И.К. – Не ја копирај сликата.
Водата од невремето кое попладнево го погоди Скопје влезе и во автобус на ЈСП.
Водата навлегла и стигнала до нозете на патниците на автобус со број 24 во Кисела Вода.
Видеото од порталот 4NEWS.mk:
Екипи на Градски паркинг на терен го расчистуваат нередот, им помагаат и на граѓаните
По страшното невреме што го погоди Скопје, од јавното претпријатие Градски паркинг, информираа дека екипи на претпријатието се излезени на вонредна акција за расчистување на нередот на паркинзите и помош на сите граѓани на кои им е потребна помош.
„Екипи на ЈП Градски паркинг се излезени на терен на повеќе локации во Скопје. Целта на оваа вонредна акција е расчистување на нередот на паркинзите и решавање на проблемите настанати од големото невреме кое го зафати градот. Воедно, претпријатието се става на располагање на сите граѓани на кои им е потребна помош во справување со последиците од невремето“, информираат од Ј. П Градски паркинг.
Падна настрешница од балкон во центарот на Скопје
Силното невреме што го зафати Скопје во попладневните часови, придонесе за голема материјална штета и голем број поплавени улици.
Поради силниот град и ветерот што дуваше, падна настрешница од балкон во центарот на градот, во близина на зградата на „Црвениот крст“.
Покрај тоа, можат да се забележат и голем број откорнати дрвја, а и голем дел од улиците се блокирани, при што се упатува апел да се избегнува центарот на главниот град за сообраќај.
Ѓорѓиевски: На неколку локации силниот ветар однесе настрешници
Невремето кое попладнево го погоди Скопје, направи штета на повеќе места низ Општина Кисела Вода.
„На неколку локации силниот ветар однесе настрешници, гранки, откорна дрвја и делови од покриви и направи проблем во одвивањето на сообраќајот, но со екипите од општината веднаш излеговме на терен и интервенираме за надминување на проблемите. Повикани се сите надлежни фирми со кои соработуваме, општинските тимови вршат увид и се реагира брзо, комуницираме и со службите на Градот и со граѓаните кои пријавуваат проблем, со цел штетите што поскоро да се санираат и состојбата да се нормализира. Остануваме на терен сѐ до нормализирање на целата ситуација“, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Порача дека стојат на располагање доколку граѓаните кои имаат било каква потреба од помош.
Почетокот на Пиволенд 2022 презакажан за 3 септември
Поради големото невреме што го зафати Скопје и околината и најавите за ново невреме во наредните денови, организацискиот тим на Пиволенд 2022 од безбедносни причини го презакажа почетокот на настанот за 3 септември.
Како што објавија на фејсбук страницата на Пиволенд 2022, местото на настанот останува Плоштад „Македонија“, а новиот термин е од 3 до 7 септември.
Фестивалот годинава се одржува под мотото „Дојди, Види, Испиј!“, а се најавуваат повеќе од 100 видови на пиво како и настапи на над 50 музички артисти, поделени на две сцени – главна, каде ќе настапат познати домашни и балкански музички изведувачи и крафт, за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.
Организаторите на Пиволенд 2022 најавуваат атрактивни сцени за артистите, богатата локална кујна, одличната музичка програма, голем број на забавни активности и очекуваат гости од целиот регион.
Премиерен настап на Пиволенд, како што е најавено, ќе има инклузивниот рок бенд „Сол Ночиво“ во кој учество земаат млади од здружението „Во мојот свет“ кое се грижи за помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар, додека, на штандовите на градскиот плоштад посетителите ќе имаат можност да купат брендирана маица со Пиволенд 2022 и со тоа да донираат 100 денари за здружението „Во мојот свет“.
Годинашното издание на Пиволенд е во организација на Крафт продукција и Идеалаб, а со поддршка на Град Скопје.
На социјалните мрежи се објавени и фотографии од првиот кат на Градскиот трговски центар каде исто така има големо количество вода, а според очевидци најмногу вода има во подземниот паркинг
Најголемиот трговски центар во земјава „Ист Гејт“ е поплавен по невремето што попладнево го зафати Скопје. На социјалните мрежи се споделуваат видеа и фотографии на кои се гледа големо количество вода и во паркингот, но и во приземјето. Како што може да се види од видеата некои од продавниците „пливаат“ во вода, а вработените се обидуваат да ја извадат.
На социјалните мрежи се објавени и фотографии од првиот кат на Градскиот трговски центар каде исто така има големо количество вода, а според очевидци најмногу вода има во подземниот паркинг.
Невремето проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер што попладнево го зафати Скопје, предизвика поплави на голем дел од улиците, подвозници, куќи и дворови. Има и искршени гранки и дрва, но и урнати монтажни објекти.
Полициски службеници во координација со другите институции им помагаат на граѓаните во Скопје по големото невреме.
Се извлекуваат заглавените возила од подвозниците кај хотелот Александар палас, кај Континентал и кај стоковна куќа Мост.
Интервенира и службата за итна медицинска помош. За МИА информираа дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозно повреди.
Ибрахими: Злоупотреби на струја има во секоја општина, не само во Арачиново
Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими вели дека не е коректно тоа што фокусот на злоупотреба на струјата е ставен само во Арачиново, бидејќи податоците покажуваат дека струја се злоупотребува во секоја општина. Тој порача дека не треба да има колективна казна за жителите на Арачиново. Според Ибраими, минатото раководство на општината е одговорно за зголемената злоупотреба на електричната енергија во Арачиново.
Advertisements
“Мислам дека е доволно да се каже дека пред 2017 година немало вакви големи злоупотреби. Тоа значи дека во последните четири години од тогашната локална власт беше дозволено да се злоупотребува струја според аргументот со кој излезе компанијата ЕВН и мислам дека е јасно каде е проблемот“, вели Ибрахими.
Во меѓувреме, ЕВН ја продолжи работата на терен.
Екипите на ЕВН и денеска ја продолжија работата во Арачиново за поместување на броилата за струја надвор од куќите или на бандери. Според информациите од терен, работата се одвива непречено и без проблеми.
Од ЕВН хоум велат дека работите ќе траат долго, за да се реализира планот по што жителите на Арачиново нема да имаат прекини на струја.
„Екипите за дистрибуција на електрична енергија од вчера излегоа на терен во Арачиново и без проблем започнаа со реализација на првата фаза од планот. Во оваа фаза се врши увид на мрежата, по што ќе следи реконструкција за подобрување на снабдувањето и санирање на дефектите кои биле резултат на дивите приклучоци. Реконструкцијата ќе трае со месеци, дури и повеќе од една година. Целосното спроведување на планот значи непречено и без дефекти снабдување за жителите на Арачиново“, соопштија од ЕВН.
ЕВН хом соопшти дека поради големиот број диви приклучоци во Арачиново, постојано има прекини на електрична енергија. Според компанијата, овие приклучоци и нанеле голема финансиска штета на компанијата како и бројни проблеми со мрежата.