Германија ги предупредува своите граѓани при патување во Македонија: Бидете внимателни









Министерството за надворешни работи на Германија ги предупредува своите граѓани да бидат будни и претпазливи при патување во Македонија поради заканите со 6ом6и, пренесува „Дојче веле“.




На граѓаните, како што се наведува, им се препорачува да се информираат од доверливи локални и социјални медиуми во врска со актуелната ситуација и да ги следат препораките на локалните власти и безбедносни сили.




„Закани со бомби против јавни институции и објекти во последно време се регистрирани во главниот град Скопје. Тие првично беа насочени кон училишта и владини објекти, но во меѓувреме се погодени и хотели и други невладини установи.




-Последно, беше неопходна евакуација на меѓународниот аеродром во Скопје каде сообраќајот мораше да биде привремено запрен“, се наведува во информацијата од германското МНР.

error: Content is protected !!