11-годишно детенце загина, а мајката е тешко повредена во сообраќајна незгода која синоќа се случи во Велес.
Сообраќајката се случила на пешачки премин во близина на училиштето Васил Главинов. Според првичните информации возачот на автомобилот избегал од местото на несреќата.
Неофицијално на местото на несреќата пронајдени се регистарските таблички на возилото, а полицијата трага по сторителот на сообраќајната незгода.
Од Министерството за внатрешни работи се уште нема официјална потврда на настанот и повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден, но на социјалните мрежи веќе се зборува за несреќата:
Статистичките податоци говорат за постојан пораст на процентот на сообраќајни незгоди во кои се жртви деца, и тоа најчесто како индиректни учесници во сообраќајот.
УЖАС – Тешка сообраќајка синоќа: 3агина 11-годишно детенце, а мајката е тешко повредена
