(ВИДЕО) Откри за кого бил наменет гестот: Мартинез го прекина славјето и побара едноминутно молчење за Мбапе









Еден од хероите на аргентинската репрезентација е голманот Емилијано Мартинес кој и во четвртфиналето против Холандија и синоќа против Франција одбрани удари во пенал-серијата.






За него уште долго ќе се зборува, но не само по добро, туку и по лошо бидејќи имаше неколку, најблаго кажано луди потези во текот на Светското првенство во Катар. Кулминација беше моментот кога ја доби Златната ракавица за најдобар голман на шампионатот и ја стави на гениталиите, обраќајќи им се на француските навивачи. Откако стивнаа страстите, објасни зошто го направи тоа.




„Го направив тоа бидејќи Французите ми свиреа. Честа за мене не функционира“, изјави Мартинес за аргентинските медиуми.




Тука не беше крајот на неговите лудории. За време на славјето во соблекувалната тој побара „минута молк за Мбапе кој е мртов“.

error: Content is protected !!