(ФОТО) Скопје конечно доби елка – коментарите различни, што е ова?









Украсувањето на центарот на Скопје и натаму една од главните теми. Во меѓувреме, викендов на плоштадот „Македонија“ беше поставена голема елка, мини забавен парк и куќарки во кои ќе се продаваат традиционалните новогодишни производи.




-Да елка има, мини паркот очигледно работи откако ќе се стемни, а куќарките не се отворени се уште, вели една скопјанка која вчера минала миз плоштадот.




-До Нова година имаме уште еден викенд, предновогодишната атмосфера веќе е во полн ек секаде, но очигледно не и во Скопје. Вчера минавме со децата низ центарот претпладне, немаше жив човек. Куќарките не беа отворени, забавниот парк не работеше, беше навистина празно…, раскажа оваа скопјанка.




Градоначалничката на Град Скопје најави дека ќе има украсување и новогодишна програма, но за сега, граѓаните реагираат, дека нема празничен амбиент во градот, а веќе е време, со оглед дека децата најмногу се радуваат на овие предпразнични денови.

error: Content is protected !!