Млад Македонец пронајден мртов во Бугарија: Пријателите се сомневаат на у6иcтво, бугарската полиција не нашла траги на наcилство









Дваесет и шест годишниот Стојан Спасов од Виница викендов е пронајден мpтов во близина на шопинг молот „Парадајс“ во центарот на Софија, потврдија за „Слободен печат“ од бугарското МВР.




„На 17 декември околу 21 часот на улица Емилијан Станев бр.4 било пронајдено тело на 26-годишен македонски државјанин. Според првичните податоци, не се пронајдени траги на насилство. Телото е испратено на обдукција. За случајот е поведена предистражна постапка“, велат од бугарското МВР и упатуваат на детални информации да се побараат од Обвинителството.




Пријател на Спасов, јавно апелираше, македонските органи да помогнат да се врати телото во Македонија.




„Апелирам до македонската полиција и до македонските служби да помогне во обдукцијата да се дознае вистинската причина за cмpтта, и да помогне за враќање на телото во нашата држава“, напиша Бобанчо Илиоски, друг пријател на починатиот.

Друг пријател, кој сака да остане анонимен вели:




– Од она што дознавме е само дека Столе бил најден мртов пред шопинг-молот „Парадајс“ во Софија. Ниту знаеме зошто починал и како се случило тоа во ноќта на 17 декември. Единствено што слушнавме некакви приказни дека тој наводно паднал од мотор или имал срцев удар. Колку ова е веројатност не можам да тврдам иако велам лично го познавав Столе со години и бевме доста блиски пријатели – вели нашиот соговорник кој сакаше да остане анонимен.




Пријателот на Спасов вели дека е изненаден од молкот на домашните медиуми и институции за смртта на неговиот другар, кој вели дека добро го познавал и последен пат искомуницирале пред околу две седмици.

Роднини и пријатели на Македонецот, кој е пронајден мртов, се простуваат од него преку социјалните мрежи.

error: Content is protected !!