Од МВР на Бугарија потврдија дека македонскиот државјанин Стојан Спасов (26) пред два дена бил пронајден мpтов во центарот на Софија и според првичните информации на телото на Спасов не биле пронајдени траги на наcилcтво и е предадено на обдукција.
Министерството на надворешни работи попладнево потврди дека македонски државјанин со иницијали С.С. пoчинал во Бугарија. Веднаш по добиената информација за случајот, Министерството преку амбасадата на земјава во Софија стапило во контакт со бугарските надлежни органи од кои добиле првични информации за случајот.
„Преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во земјава и тоа е соодветно информирано за случајот. Министерството за надворешни работи и Амбасадата во Софија стојат на располагање за комуникација и асистенција, како и во постојана и непосредна комуникација со надлежните органи на Бугарија кои ја водат истрагата“,велат од МНР.
Оттаму додаваат дека за деталите за случајот јавноста ќе биде дополнително известена.
Од бугарското Министерство за внатрешни работи за „А1он“ потврдиле дека македонскиот државјанин Стојан Спасов пред два дена бил пронајден мртов во центарот на Софија.
Според првичните информации на бугарските институции, пишува порталот, на телото на Спасов не биле пронајдени траги на насилство.
„На 17 декември околу 21 часот на улица ‘Емилијан Станев’ бр. 4 било пронајдено тело на 26-годишен македонски државјанин. Според првичните податоци, не се пронајдени траги на насилство. Телото е испратено на обдукција. За случајот е поведена предистражна постапка“, изјавиле од бугарското МВР за „А1 он“, а за детални информации упатиле на обвинителството.