Во тек се антитеpоpистичките проверки, објави „360 степени“.
Нови дојави за 6ом6и денеска се испратени до училишта во Скопје. Според информациите од МВР, досега во полиција четири школи пријавиле дека добиле закани за поставена екcплoзивна направа. Едно од нив, според нивните информации, е средното училиште „Владо Тасевски“ во Аеродром.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, информираат од МВР.
Последната серија на закани за 6омби беше регистрирана во петокот во 15 училишта – 10 во Скопје и пет во Биотла, но и на Меѓународниот аеродром Скопје, Спортскиот центар „Борис Трајковски“, националната арена „Тодор Проевски“, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), трговскиот центар „Ист гејт мол“, како и во хотелите „Александар Палас“, „Мериот“ и „Сенигалија“.
По проверките, се утврди дека сите се лажни.
Мислевте дека денот ќе помине мирно: Нови дојави за 6ом6и во најмалку 4 училишта – ова се деталите
